
Престој, домување и храна треба да се обезбедат на работниците од страна за да може да почнат со работа во Македонија. Токму затоа увозот на работници и покрај тоа што е неопходен според Димитров, е доста комплициран за работодавачите. Треба да се олесни начинот на увоз работници од странство за да се пополнат слободните работни места во државата.
„За увозот на работници од страна работодавачот треба да обезбеди покрај сите права престој, домување и храна на тие работници. Но од друга страна увозот на тие работници е доста комплициран и можеби Македонија е државата во регионот која има нереформирани прописи во однос на увозот“ – вели Димитров.
Работниците од страна треба да поседуваат дозвола за престој, да имаат соодветно домување, потврда за работа. Тоа значи дека најмлаку два месеци треба да престојуваат во државата, а да не работат ништо. Трошоците за нив се дополнителни, па како што вели Димиторв треба да се разгледа можноста да се функционира како во сосоедна Србија.
„Според кажувањата на Агенциите моментално тоа е проблем оти треба да обезбедат дозвола за престој на работникот од странство, потоа дозвола за вработување. Тоа може да трае месец до два, работниците не можат да работат, а овде треба да седат и да се хранат. Тоа се дополнителни трошоци.“ – додава Димитров.
Најголем дел од работниците од страна се во секторот градежништво иако истите се застапени и во текстилниот сектор. Во конфекции во Кочани и Прилеп во изминатиот период имаш работнички од Непал, кои седнаа на местото на македонските работнички. Но, само со помош на увозот на работници може да се намали недостогот на работници во државата и потполнувањето на слободни места на младите кои егзистенција бараат надвор од границите на државата.
Лаура Стојанова М-Нет