Децата со посебни потреби изработуваа рачни творби – Општина Штип ги награди

Рачни изработки од рециклиран материјал, на тема природа, флора и фауна, изработени од децата со потешкотии во развојот беа изложени денеска на плоштадот Слобода во Штип. На распишан јавен конкурс од страна на општината пристигнаа речиси 50 изработки од децата од основните, средни училишта како и државното училиште „Искра“. Се доделија награди, училиштен материјал кој децата понатаму може да го користат.

„Конкурсот траеше од 1 до 13 март и имавме доста изработки кои беа пријавени на овој конкурс, но моравме да избереме три награди, Од основните училишта ни пристигнаа 20 изработки, од средните седум и од „Искра“ 22 изработки.“ – вели Санева.

Настанот беше збогатен со музички точки и рецитал, изведени пред многубројните посетители на плоштадот.

Преку вакви настани во кои се вклучуваат и децата со потешкотии во развојот им се дава поголема улога и прифатливост во општеството. Според дефектологот Борче Петровски, се буди емоција и чувства а се подигаа и правата на овие деца.

„Прекрасен пролетен настан на кој учениците со потешкотии на дадена тема твореа и ги искажуваа своите чувства и емоции. Со ваков настан се будат правата на овие деца“ – додава Петровски.

Настанот е по повод денот на пролетта, и децата твореа под мотото „Пролетта моја вечна инспирација“.