
Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за утврување на календарот за новата натпреварувачка сезона во ракометната Суперлига во машка конкуренција.
Ждрепката посака во првото коло шампионот Еурофарм Пелистер одбраната на титулата да ја започне против Бутел во Скопје, Радовиш сезоната ја отвара против Куманово, повратникот во елитата Еурофарм Пелистер 2 против Прилеп.
Екипата на Пролет ќе игра со Тиквеш на домашен терен во првото коло, Алкалоид во Автокоманда ќе го пречека Охрид, а пак Струга ќе се соочи со Вардар.
Во новата сезона ќе се натпреваруваат 12 екипи, последниот испаѓа директно од Суперлигата, а претпоследниот игра бараж за опстанок во елитата.
Александар Ванев, М-Нет