Дерби на истокот во Неготино: Тиквеш – Брегалница

Првенството на Втората лига Исток се повеќе добива симпатии поради квалитетот, борбеноста и желбата за успех на секоја екипа. Тоа го проследивме во изминатите 4 кола во кои се постигнаа некои непредвидливи резултати со што се покажа теоријата дека топката е тркалеста и дека се можни секакви резултати, за некои екипи пријатни, за некои пак тимови ептен непријатни. Утре, сабота на програмата се натптреварите од редовното 5 коло во кое вниманието на целокупната спортска јавност ќе биде насочено кон Неготино каде што ќе се одигра дерби натпреварот Тиквеш – Брегалница, поради неможноста да се игра во Кавадарци поради реновирање на теренот. Засега двете екипи се на врвот на табелата со по 10 освоени бодови, но со мала предност на Тиквеш поради подобрата гол разликата. Веќе се делегирани и официјалните лица за овој натпревар, главен судија ќе виде Васко Мавров, прв асистент Кире Ангеловски, втор асистент ќе биде Стојан Костадинов, а четврти судија Ристе Сејменов сите од Струмица. За Контролор е делегиран Зоран Петковски а Делегат ќе биде Димче Маневски и двајцата од Велес.

Еве ги комплетните парови за ова 5 коло:

Каменица Саса – Кит Го

Плачковица – Росоман

Кожув – Победа

Осогово – Слога В

Тиквеш – Брегалница

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 26 септември со почеток во 15.30 часот.

Драги Герасимов – Пушка