Дерби во Свети Николе, Рудар се надева на три бода против Дојранско Езеро, Карбинци на тешко гостување во Валандово!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од 10. коло Трета лига – Исток, кое коло ни го носи дербито во Свети Николе меѓу Овче Поле и Хоризонт Турново, две екипи кои претендираат за првото место кое води кон баражот за Втора лига.

Екипата на Карбинци ја очекува тешко гостување кај непоразениот лидер Победа во Валандово, натпревар кој сигурно е дека гостинот ќе се обиде да биде првиот тим кој ќе сака да ја порази Победа, а пак домаќинот сака продолжува на перфектната форма.

Ударник пред својата публика на теренот во Пирава ќе се соочи со Тиверија во меч каде домаќинот ќе биде голем фаворит против гостинот од Струмица.

„Фенерџијата“ Светлост ќе се обиде да дојде до прв позитивен резултат, односно на домашен терен во Зрновци ќе бара три бодови против Малеш од Берово.

Екипата на Рудар се надева на три бодови на Градскиот стадион во Пробиштип против тимот на Дојранско Езеро. Гостинот ќе бара позитивен резутат за враќање на победничките патеки.

Во Трета лига – Југ ќе се играат натпреварите од 10. коло, а истите се закажани за во недела. Млекар ќе бара триумф против Башкими од Јаболчиште на домашен терен, Дреново ќе има тешка задача против големиот фаворит Ултра, Превалец ќе биде фаворит на домашен терен против Венец, дербито ќе се игра во Крушево каде ќе се соочат Питу Гули и ланскиот второлигаш Борец, кој е лидер на табелата.

Во Кривогаштани ќе се соочат Младост и Влазними Јуниор, а пак Бучин ќе игра со екс второлигашот Росоман.

Исто така во недела ќе се играат натпреварите од 12. коло на Трета лига – Север, а во рамки на истото во Доброшане ќе се одигра дербито на колото меѓу Куманово и непоразениот лидер Еуромилк ГЛ, Беса Сарај ќе игра против Беса од Слупчане, Пчиња на дерби со БВК Коњаре, а пак Студеничани ќе бара бодови во дуелот со Ржаничино.

Фортуна и Аеродром исто така ќе имаат свое дерби соочување за трите бодови, екс второлигашот Кадино гледа идеална шанса за три бодови во дуелот со Лопати, а пак Отља ќе игра против Башкими Љуботен.

Во Трета лига – Запад натпреварите од 9. коло ќе се играат во два дена. Колото се отвара утре со два натпревари. Џепчишти ќе игра со Речиџа, а пак Доброшти го пречекува Влазерими.

В недела, некогашниот прволигаш Ренова ќе игра со Вардар од Брвеница, лидерот Камјани ќе биде домаќин на кичевски Напредок, Љуботен ќе бара победа против Скендербеу, а пак Дрита ќе биде слободна.

Исто така во недела ќе се одиграат натпреварите од 9. коло на Трета лига – Југозапад. Дербито ќе се игра во Струга меѓу Влазними и Кравари, Могила ќе игра со Демир Хисар на домашен терен, во Ношпал ќе се соочат Напредок и Велешта, Кораб ќе биде домаќин на Света Троица во Дебар, а пак Караорман ќе игра со Славеј од Мешеишта во Струга.

Александар Ванев, М-Нет