Дерби во Виница: Слога излез од резултатската криза ќе бара против Осогово, „жетварите“ сакаат три бода!

Во Виница ќе се одигра дербито меѓу Слога и Осогово од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, во дерби соочување каде Слога ќе бара излез од резултатската криза, додека пак „жетварите“ имаат за цел да ја освојат Виница.

Слога е во резултатска криза со четири порази во низа, со само три бодови на 14-тото место, учинокот за повратникот во второлигашкото друштво е една победа и пет порази од шест натпревари.

Штипскиот стратег кој ја води Слога Виница ќе, Емил Грнев мора да пронајде победнички рецепт, само триумф и три бодови се опција за домашниот тим, бидејќи во секој друг случај сериозно ќе заостануваат за конкурентите кога е во прашање трката за директен опстанок.

Осогово е во подобра форма со учинок од две победи, едно реми и три порази, па со седум бодови на своето конто „жетварите“ на Крсте Крстев се на деветтата позиција или во бараж зоната со три бодови заостанување зад зоната за директен опстанок.

Повеќе од сигурно е дека стадионот во Виница ќе биде исполнет со гледачи, навивачи и поддржувачи на двете екипи, а традицијата вели дека очекуваме најмалку два погодоци на средбата во Виница, а која ќе можете да ја следите во живо на М Нет телевизија, сабота од 15 часот.

Слога Виница има квалитетни играчи и одлични индивидуалци, но резултатите не се во прилог.

Дали Грнев ќе го има победничкиот рецепт или пак Крстев ќе обезбеди трето славје за својот тим – следете го дербито од Виница преку директен пренос на М Нет.

Александар Ванев, М-Нет