Денес времено ќе бидат затворени за сообраќај улиците од градската црква до гимназијата во Штип, поради трка

Денеска, 07.11.20222 година од 18 часот ул. „Васил Главинов“ на потегот од мостот кај црква Св. Никола до Гимназија „Славчо Стојменски“ ќе биде затворена за сообраќај, заради одржување на традиционалната трка по повод утрешниот ден. Овој простор ќе биде затворен за сообраќај се до завршување на трката. Ова се организира по повод Осми Ноември, 78 годишнината од денот на ослободувањето на град Штип.