
Осветувањето на крстот во Таринци
Свечено беше осветен новоизградениот 20-метарски крст денес во село Таринци, кој ќе биде ново верско обележје и светилиште над населеното место. На настанот присуствуваа голем број жители, претставници на локалната самоуправа и свештенството, а чинот на осветување го изврши митрополитот Иларион. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, истакна дека крстот ќе биде симбол на верата и духовноста за жителите на Таринци и целата општина. Изградбата е реализирана со донации од семејствата Јовчески, Колеви и Димитрови, како и со поддршка од повеќе локални компании и граѓани.
„Чест и задоволство ми е што денес заеднички со населението од с.Таринци го осветуваме овој прекрасен верски објекст, овој 20 метарски крст кој што ќе свети, ќе биде светилиште на над селото Таринци во општина Карбинци. Сакам да упатам благодарност до свештеникот метрополитот господинот Иларион кој што го освои овој наш преубав верски објект. Сакам да упатам од срце благодарност за донаторите, а тоа се семејствата Јовчески, Колеви и Димитрови, како и сите останати кои што беа дел од изградбата и беа вклучени како помагатели. Да се заблагодарам на нашите сограѓани кои што денес дојдоа заеднички да го осветиме, да го назначиме овој ден. Сепак верата ќе биде поблиску до секој еден од нас во ова населено место. Благодарение на овој објект кој ќе го свети ова населено место и нашата општина.“- Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци
Марјан Јовчевски како еден од донаторите истакна дека крстот е подарок за граѓаните на Општина Карбинци и симбол на верата и благодарноста
„Па ова е дар на граѓаните на општина Карбинци, ова е во село Таринци, практично еден голем да кажам знак на верата и благодарност на верата. Воедно, моето семејство има потекло од ова село, мајками е од овде. Мене ми е баш голема чест и задоволство што вака да кажам верски објект подарувам со мојте двајца партнери, семејството Колеви и семејството Димитрови, заедно со моето семејство Јовчески ќе бидат дарители на овој крст, а има и многу луѓе, фирми, лпкални помагатели кои заедно го ова реализиравме и се заврши да кажам се како што треба.“- Марјан Јовчевски
Дајана Сандева, М-Нет