Пчеларството под притисок: од златни приноси до тешка борба за опстанок

Некогашните 120 килограми мед од едно пчелно семејство денес се речиси недостижна бројка, сведена на само 5 до 10 килограми. Пчеларот Коста Сотировски објаснува дека зад секоја тегла стојат милиони летови и огромен труд на пчелите. Тој предупредува дека природата и климатските промени ја нарушиле рамнотежата, па сега дури три слаби години следуваат за една добра со принос. Се помалата потрошувачка на мед, заедно со големиот увоз, дополнително го притиска домашното пчеларство.

„За една тегла треба милиони и милиони пчели да направат летови за да соберат една тегла мед, еден сандак можеби има 100.00 пчели во него. Тие знаат, колку ќе има храна, толку ќе има и пчели, Колку мед ќе даде? Се случувало да дадат едно пчелно семејство и по 120 кг. Тоа беше порано, а сега по 5/6 кг до 10 кг. Се се случеше да речеме на 5 годиини една година да нема мед слабо да биде со принос на мед. Сега дојде 3 години да нема мед 1 година да има мед. Не, тешко може да се преживее затоа што нема потрошувачка на мед. Голем увоз на мед, постарите генерации одат кои го трошеа медот и го ценеа, помладите пазарат од маркет, можете да наједете мед од било каде на светот.“- Коста Сотировски, пчелар

Дециден е Сотировски дека тешко може да се преживее затоа што нема доволна потрошувачка на мед, а на пазарот доминира голем увоз. Постарите генерации го ценеле и редовно го трошеле домашниот мед, додека помладите се почесто купуваат од маркет, каде може да се најде мед од целиот свет.

Во такви услови, домашното пчеларство се повеќе се бори да го зачува своето место и вредноста на традиционалниот мед.

Дајана Сандева, М-Нет