Денеска се празнуваат Светите апостоли Петар и Павле- Петровден

Денеска православните христијани го празнуваат празникот на Светите Апостоли  Петар и Павле по меѓу  народот уште познат како Петровден. Апостолот Петар се прославува како образец на искрената вера, Свети Петар оној кој најмногу се потрудил во проповедањето на Исус Христос. Светиот апостол Петар првото име му бил Симон, а кога Исус го признал за Божји син го нарекол Петар што значи камен. Со тоа Исус сакал да каже дека ќе изгради црква врз верата на Петар што била цврста како камен. Бил силен поборник на Христовата вера и затоа бил трн во очите на еврејските свештеници. Бил осуден од страна на Нерон распнат на крст со главата надолу во 61 година го големи страдања го завршил својот живот.

Светиот апостол Павле христијанската вера ја проповедал низ светот и е заслужен за покрстувањето на многу луѓе. Предизвикал омраза кај еврејските свештеници кои го мачеле. Бил предаден на Римјаните и наклеветен по што главата му била пресечена со меч. И по многуте заслуги Христовата црква го ставила во редот на апостолите.

Петровден се смета за црковен празник и се оди на црква, кој постел во Петровденскиот пост се причестува. Па, така овој празник се одбележува во Кочани со празнична богослужба и Света архиерејска литургија во храмот „Св.Вмч Георгиј“. Во сослужение на митрополитот брегалнички г-дин Иларион со свештенослужители од Кочани.

Со овој празник се завршуваат четирите повеќедневни пости во годината. Именден празнуваат Петар, Петра, Павле, Павлина…

Надица Стојковска/ М Нет