
Стадионот Вембли во Лондон ќе биде запишан со златни букви во фудбалската историја на Италија. Италија ја освои шампионската титула по втор пат откако во далечната 1968 г. стана за прв пат шампион победувајќи ја Југославија во вториот меч со резултат 2:0,откако првиот заврши нерешено 1:1. Овој шампионат беше по многу нешта интересен, се играше на 11 стадиони ширум Европа на кои гледачите проследија вкупно 51 натпревар а на кои натпревари за прв пат во фудбалската иторија настапи и репрезентацијата на Македонија. Финалето во Лондон во регуларниот тек заврши нерешено 1:1, се играа и продолженија, за да расплетот се добиe по пенал – рулетот. Јунак во оваа серија беше голманот на Италија Џанлуиџи Донарума кој сосема заслужено го понесе епитетот како најдобар на „ЕУРО 2020“. Селекторот Роберто Манчини има огромна заслуга за оваа италијанска шампионска титула водејќи ги играчите по триумфалниот пат преку целиот шампионат. Останува Англија да тагува и да чека нова можност за да ја освои толку посакуваната титула европски првак која едностано недостасува во нејзината богата фудбалска историја.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk