
Во државата во моментот се лекуваат 24 пациенти од повредените во дискотеката во Кочани. Според последните информации од министерството за здравство денеска на домашно лекување треба да бидат пуштени девет пациенти.
„Вкупно пациенти кои се лекуваат во Скопје се 24. Од нив денеска девет ќе бидат испишани кои се во стабилна, во добра состојба и можат да продолжат со домашно лекување. Практично утре ќе имаме 15 пациенти“ – вели Таравари.
Дополнително се очекува денеска во државата да се вратат осум пациенти кои се лекуваат во странство, по два пациенти од Белгија, Австрија, Туција и Хрватска.
„Вчера знаете се вратија пет пациенти кои се лекуваа надвор од државата, еден беше од Атина и четири беа од Шпанија. Вкупно надвор од државата моментално се лекуваат 108 пациенти, денеска веќе се најавени осум пациенти кои треба да се вратат од кои два д Белгија, два од Австрија, два од Турција и два од Хрватска.“ – додава Таравари.
Во меѓувреме се прават тимови кои ќе одат во кочанската Општа Болница со цел да им помогнат на повредените пациенти, да не мора за преврска да одат до Скопје.