Две лица од Штип приведени од интервентната полиција во Скопје

На 03.11.2021 во 15.20 часот пред Кадински мост, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.А.(31) и К.М.(21), двајцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.