Две лица на 35 и 38 години починаа од ковид 19 во штипската болница

Зголемен број на хоспитализирани ковид пациенти во штипската болница. Моментално хоспиталиизрани се 63 пациенти од кои 54 на Инфективното одделение и девет на Кожното одделение. Во последните 24 часа регистрирани се дури осум нови примени ковид пациенти, а испишани се пет. Висока бројка и на пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, односно 48 лица се приклучени на апарати за дишење. Вакцинирани се 18 пациенти. Две млади лица во последното деноноќие ја изгубиле битката со ковид 19, едно од Берово на 35 годишна возраст и едно од Штип 38 години. Слободни се шест кревети на Инфективното одделение и само едно место на Кожното одделение, информаираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница хоспитализирани се вкупно 13 пациенти на Интерното одделение кое работи како Ковид оддел. Во последното деноножие регистрирани се две новопримени лицаа, а нема испишано ниту едно. Од хоспитализираните две се на кислородна поддршка, и две лица се вакцинирани. Слободни се 14 кревети, информираат од кочанската болница.

Висок број на активни ковид случаи и во општините од Истокот. Регистрирани се 798 пациенти, најмногу во Штип 271 и во Кочани 227. Бројката во останатите општини е двоцифрена но сепак висока. Најмалку ковид случаи има во Пехчево односно три лица.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, бројот на оздравени пациенти е 190.806, на починати е 7.232, а бројот на активни случаи изнесува 8.039.

Лаура Стојанова М-Нет