Со едно минутно молчење поради смртта на културата во Штип дел од вработените актер во Домот за култура Ацо Шопов Штип ја започнаа својата прес конференција. Во истата тие наведоа дека седум месеци се малтретирани и навредувани од страна на директорот Горан Трајков, па бараат ова институционално да се реши.
Заради многу немили настани со кои се соочиле актерите бараат разрешување на директорот за да има Култура без тортура. Во својот говор актерот Тулиев истакна дека репертоарот кој го посочи директорот е само на хартија, коментирајќи го и неговото барање за јавно извинување.
Директорот на Дом за култура Ацо Шопов ги демантираше изјавите на актерите, додавајчи дека нема мобинг и дека за него е важен секој вработен без разлика дали станува збор за актер или хигиеничарка.
