Две возила излетале од патот во близина на Штип во текот на вчерашниот ден

Две возила излетале од патот во близина на Штип во текот на вчерашниот ден, првиот случај бил на патот Штип – Радовиш, вториот на патот Штип – Неготино.

На 15.09.2024 во 22.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Неготино, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д. и неговиот сопатник Х.С.(18) од Кавадарци, констатирани во Градската општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Штип.

На 15.09.2024 во 11.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(54) од Струмица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.Т.(40) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.