
Фаворитите според планот на стартот од новата сезона во ракометната Суперлига, а во рамки на второто коло Охрид со 26:23 прокжини победа над Бутел Скопје во меч каде Рудолф беше најдобар стрелец со шест погодоци, а Цирар имаше пет погодоци, а за гостинот најдобар беше Ѓеоргиевски со седум гола.
Радовиш издржа едно полувреме против големиот фаворит Алкалоид, кој преку пресврт славеше над повратникот со 33:23. Радовишани беа одлични во првиот дел и имаа предност со 11:14 на полувреме.
Најдобар во редовите на Алкалоид беше Петковски со шест, а кај Радовиш со шест погодоци беше Постолов.
Шампион Еурофарм Пелистер со 37:20 лесно ја доби Струга со што битолскиот тим на своето конто додава нови три бодови.
Вардар со 31:24 го доби дебитантот Бесинов кој особено во вториот дел немаше сили да парира, откако Вардар во финишот одлепи забележа прв триумф во новата сезона.
Куманово на домашен терен загуби од Прилеп со тесни 35:36, откако во вториот дел двете екипи постигнаа по 21 гол со што трите бодови одат во Прилеп.
Колото ќе се комплетира в среда со мечот меѓу Пролет и Тиквеш, меч кој се одложи поради европските обврски на суперлигашот од Кавадарци.
Александар Ванев, М-Нет