
Два случаи на семејно насилство се евидентирани во изминатите 24 часа на територија на СВР Штип:
Денеска (22.06.2024) во 02.40 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.С.(32) од Штип затоа што околу 01.40 часот во дворот од семејната куќа во Штип агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговите татко, брат и снаа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.06.2024 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.С.(32) од Штип затоа што околу 18.30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата поранешна 26 – годишна партнерка од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.