
Дали поскапите подароци за наставничките ја губат вистинската смисла на 8 Март? Родителите на учениците се почесто собираат средства за заеднички подарок за наставничките. Но, според повозрасните граѓани, доволно е само цвеќе за да се покаже внимание кон, како што велат, втората мајка на детето. Иако современиот живот нуди поинакви решенија, граѓаните сметаат дека вистинската смисла на празникот не треба да се изгуби. Подарокот, велат тие, не значи ништо без почит кон наставничката
Повозрасните на терен и понатаму велат дека цвеќето е најдобриот подарок. Бадијала е, ќе речат се, ако наставничката не се почитува во текот на целата година. Според нив, учениците треба да имаат респект кон наставникот, исто како порано
Согласно ситуацијата, од утрово многу ученици им подарија подароци на своите наставнички по повод 8 Март. Овој празник и понатаму важи за посебен ден во годината, но се поставува прашањето – дали навистина се губи неговата вистинска вредност или современиот живот носи нови начини на одбележување.
Иван Митев, М-Нет