Давид Манџуковски е новото засилување за Слога Виница

Амбициозниот третолигашот Слога од Виница продолжува со засилувањата за пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток.

Екипата предводена од Крсте Крстев се засили со Давид Манџуковски кој во Виница доаѓа од редовите на некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.

Всушност 21-годишниот офанзивец е повратник во Слога Виница, а во својата кариера покрај за Еуромилк ГЛ и Слога Виница, има настапувано и за Тетекс, Кадино, младинските категории на Македонија ЃП и Работнички.

Слога Виница есенската полусезона ја заврши на 4. место во Трета лига – Исток, а во пролетната полусезона ќе се бори да го освои првото место со цел да го обезбеди баражот за Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет