
На 15.01.2021 во 23.00 часот, додека извршувале редовни работни активности, пред казино на ул.„Ванчо Прке“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип забележале нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.М.(19), Д.А.(27), Т.Ј.(37), К.К.(24) и А.Л.(27), сите од Штип. Полициските службеници презеле мерки за спречување на понатамошно нарушување на јавниот ред и мир, а по целосно документирање на случајот, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.