
Топол чај, млеко, како, компот се напитоци со кои се стоплуваат штипјани за време зима. И не само тоа, туку и греана ракија и вино во добро друштво, може да биде лек и начин за да се стопли човековото тело. Често именуваните ракии како вишновка и ораховка, анкетираните истакнаа дека ги практикуваа речиси секојдневно или пред добар ручек или пак пред излегување на прошетка.
Дури огнот е разгорен, а фурната топла и спремна за печење, граѓаните покрај ручекот, подготвуваат и печена тиква, која како што велат е најдобр десерт, наместо штетните слатки.
Инаку, ладната, зимска атмосфера предизвикува потреба за топлина и удобност. Како што опаѓа температурата, топлите напитоци стануваат пријатно решение за зимскиот студ. Затоа листата на голем број примамливи топли пијалацисе од голема важност, кои не само што штитат од зимскиот студ, туку нудат и бројни здравствени придобивки.
Лаура Стојанова М-Нет