Граѓани реагираат на нечистотија кај штипските л’џи, ЈП „Исар“ со брза реакција

Вековите штипски л’џи отсекогаш поим за многу случувања, а и денес извор на лековита вода. Сепак, сликата која може да се види на локалитетот не го одразува целосниот сјај на ова културно – историско богатство и вековита традиција на градот под Исарот. Граѓанската неодговорност зад себе остава смет и шут и л’џите такви остануваат со денови. За не баш пријатната слика на која реагираа граѓани до М-Нет Телевизија прашавме во ЈП „Исар“, од каде тим реагираше за брзо време. Директорот, Трајан Коцев, во телефонски разговор истакна дека локалитетот ќе биде исчистен, по што добивме фотографии од завршената работа.

Инаку, локалитетот „Л’џи“ беше обновен пред нешто повеќе од пет години, кога беше поставена пристапна пешачка патека со бекатон плочи, а беше заштитен и самиот извор од излевањето на реката Брегалница. На надлежните останува локалитетот да се одржува, а на граѓаните да се чува и да не се загадува.

Ребека Спасова М-Нет