Граѓаните да бидат внимателни кога земаат брзи кредити, апелираат од ОПМ

Заканувачки пораки, превисоки камати, измами при подигање брзи кредити, посета на домашна адреса за да се вратат парите назад, вклучување на семејство, работодавачи и слично. Колку граѓаните се заштитени кога подигаат брз кредит и колку истите се безбедни. Од орагнизацијата на потрошувачи на Македонија велат дека граѓаните сами треба да бидат свесни дали се во состојба да подигнат без кредит и можат ли истиот да го вратат. Најголем проблем вели Лончар е што и кредитонеспособните луѓе земаат брзи кредити.

„Потрошувачите не можат да бидат заштитени секаде, ако тие не внимаваат. Значи прва и основна работа потрошувачот кога ќе се одлучи нешто да купи, особено да земе кредит, таков брз кредит треба добро да размисли. Треба убаво да ги провери сите услови во договорите, да се консултира со некого па потоа да оди да земе кредит. Проблем кај кредитите е што и луѓе кои немаат таква способност, не се кредитоспособни можат да земат кредит и вообиќаено се тие кои земаат кредит, кои не ги интересира, едноставно сакаат да земат кредит. Од самите себе тешко дека некој сам може да се заштити, но надлежноста на овој дел и правна регулатива и понудувачи на кредитори врши Министерството за финансии.“ – вели Лончар.

Кога се во прашање каматите Лончар додава дека тие се одредени со закон за заштита на

потрошувачи, но се импутираат високи казни и тоа е дополнителен проблем за потрошувачи.

„Ако договорните одредби не се во ред ќе бидат забранети. Ако се забранети како што имавме слуачи на едни одредби од едно друштво може да се поведе судска постапка. Тогаш не е рушлив целиот договор туку само дел од дговорот, каде што стои таа одредба. Исто така има многу високи договорни казни, каматата е ограничена согласно Законот, со закон за заштита на потрошувачи, но се импутираат одредени казни кои се договорни казни и се многу високи.

Од организацијата апрелираат до граѓаните да внимаваат кога земаат брзи кредити и да проценат дали навистина можат да земат и да влезат во големи долгови.

Лаура Стојанова М-Нет