Граѓаните го купуваат и последниот пипер, за да не останат без зимница

При крајот на октомври, граѓаните го купуваат и последниот пипер, за да не останат без зимница. Од рацете на селаните, директно во вреќи, пипер, зелка и морков се бараат како никогаш до сега, велат купувачите. Некои ќе прават само неколку тегли, други малку повеќе, ама и едните и другите едноглосни, зимница без пипер не бидува, дури и кога е скап, колку-толку да мириса куќата и трпезата да не е празна.

Моментално цената на ајварскиот пипер е 60 денари за килограм, велат производителите. Додаваат дека го купуваат, но со послаб интезитет

Инаку, граѓаните и понатаму остануваат децидни, тие што ќе прават зимница, ќе треба многу повеќе да заштедат за да си го овозможат овој луксуз, оние што сега нема да прават, ќе чекаат подобри времиња.

Иван Митев, М-Нет