
Граѓаните бараат повисоки плати заради континуираниот раст на трошоците за живот. Велат цените во маркетите се оган скапи, а платите речиси капка во море. Бараат справедливост, бидејќи ваквата ситуација е загиржувачка. Едногласни дека кога буџетот им се стеснува ги фаќа паника, која пружи стрес и дополнителна нервоза.
Платите требат да бидат најмалку 40 000 денари, велат граѓаните, бидејќи поинаку сиромаштијата е на прагот.
Висината на минималната плата во бруто износ секоја година се усогласува со 50% од порастот на просечната исплатена нето плата за претходната година и 50% од порастот на индексот на трошоците за живот, според податоците од ДЗС. Согласно овие параметри, проценка е дека во март 2025 година, минималната плата би изнесувала околу 24 400 денари.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет