
Екипата на Гостивар денес промовираше ново засилување за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.
По вчерашната трансфер „бомба“ на Симеон Христов, кој од Вардар пристигна во Гостивар, денес есенскиот шампион го промовираше Рејан Абази, кој го засилува нападот на Гостивар, а доаѓа од редовите на Локомотива.
20-годишникот може да игра на сите позиции во нападот, а во својата кариера има настапувано и за Шкупи и Кораб, а потекнува од младинската школа на Работнички.
Гостивар и Воска активно работат на засилување на екипите за пролетната борба, додека пак Вардар, засега нема промовирано ниту едно официјално засилување.