
Голем музички концерт насловен како ,,Серенада за 8 ми март“, утре организира штипјанецот Раде Рогожаров во Домот на културата Ацо Шопов во Штип. На сцената ќе настапат повеќе здруженија, градски хорвои, музичари и уметници, кој ќе се претстават со голем број песни. Концертот ќе започне од 18 часот, а цената е симболична. 50 денари за повозрасни и 100 денари за помладите генерација граѓани.
,,Четврток со почеток од 18 часот во големата сала на домот на културата Ацо Шопов во Штип сите наши сограѓани, сите кои што се уметници и културно уметнички активни сите ги поканивме да дојдат да учествуваат на оваа наша забава насловена како серенада за 8 ми март. Значи по повод 8 март деот на жената сакаме на нашите сограѓани да споделиме една радост една убавина, една веселба, да го пречекаме и да го прославиме 8 март. Благодарност до сите учесници.“, вели Рогожаров
Рогожаров пред камерите на М-Нет телевизија ги покани сите заинтересира штипјани, но и граѓаните од останатите градови да повелат на овој музички концерт и да си поминат незаборавно.
,,Поканет е целиот град и пошироко, кој како милува да повели, да го негуваме нашето и изворното. Цените се симболични, 50 денари за повозрасните, а за помладите 100 денари. Нека биде инсприација.“, додава Рогожаров
Рогожаров истакна дека концертот се организира со цел да се одбележи празникот 8 ми март кој се пага оваа недела и да се потести општеството дека секој ден е повод за ширење љубов и позитивна енергија.
Иван Митев, М-Нет