
74 годишниот Денис Асанов, кој уби и закопа во својот двор 79 годишна жена, на првото рочиште во Основниот Суд Штип, денес не прифати вина. Прашан дали се чувтвува вивновен, Асанов категорично рече дека не го извршил убиство и не се чувствува за виновен.
Според обинителството, обвинетиот Асанов ја лишил од слобода Борјанка Николова, по што со остар предмет нож и ја пресекол главата и нозете, по што оштетената починала. Нозете и главата ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата. Сведокот Дона Огнанова, која воедно е сестра на оштетената, од судницата рече дека Борјанка живеела кај нејзе, бидејќи немала семејство. Посочи дека речиси секој ден излегувала на прошетка, но секогаш се враќала за спиење. Последен пат кажа дека ја видела на крајот од септември, кога Николова се дотерала и и рекла да и повика такси, по што заминала. На ова добро се сеќава, бидејќи бил празникот Вера Надеж и Љубов. Откако исчезнала, неколку дена не можеле да ја пронајдат, по што братанецот на Дона Огнанова, отишол кај обвинетиот, да го праша каде е Борјанка, а обвинетиот Денис Асанов, рекол дека таа му украла пари и алишта и избегала. Затревожени, Дона и братанецот продолжиле да ја бараат Борјанка по роднини во Радови и Виница, нио кој не можел да каже каде е. На 24 октомври Дона пријавува во полиција. Од нејзе тие побарале непрани мајци од Борјанка , а од нејзе земале брис и отпечаток од рака. По краток временски период полицијата ја известува Дона дека сестра и е мртва и била закопана во дворот кај обвинетиот Денис Асанов и дека главата и нозете се пресечнени и ги нема. Трупот го однеле во Скопје, а потоа ја вратиле во лимен сандак без глава и нозе. Дона тврди дека таа и својата убиена сестра биле во добри односи, а обвинетиот Асанов не го знава и прв пат го погледа во очи на судницата. Судот донесе решение, главната расправа се одлага на 18 март, исто ден среда со почеток од 9 часот и 30 минути .
Иван Митев, М-Нет