
2024 година за женскиот ракометен клуб Астибо е повеќе од успешна, целта која што беше најавена со сениорскиот тим се оствари откако беше обезбеден плеј-офот каде штипските ракометарки разигруваат за титула и Европа со актуелниот шампион Ѓорче Петров, Метарлуг Автокоманда, Чаир, Куманово и Вардар.
Клубот организираше предновогодишен настан на кој им се заблагодари на сите кои го помагаат клубот, а притоа на М Нет телевизија и беше доделена благодарница за медиумска поддршка и промоција на женскиот ракомет, но и на клубот.
Дополнително освен успеси со сениорскиот тим, голем успех забележаа пионерките предводени од искусната ракометарка Марија Анчева, која е најдобар стрелец во Суперлигата, откако станаа есенски шампиони во женската пионерска лига.
Пионерките на Астибо се есенски шампиони без пораз со скор од седум победи и едно реми со најмногу постигнати погодоци од вкупно 198 и најдобра одбрана со примени 96 гола со што тимот има 15 бодови на своето конто и се наоѓа пред Металург кој е втор, а пак Вардар е трет.
Астибо има долгорочна стратегија за развој на клубот и оди чекор по чекор и тоа успешно на патот Астибо да стане и европски со обезбедување на „виза“ за излез во Европа.
Александар Ванев, М-Нет