
Второлигашот Башкими од Куманово се засили со двајца играчи за пролетната полусезона во која кумановскиот второлигаш ќе води борба за влез во Првата лига.
Аљбан Мемеди е претставен во Башкими, а доаѓа од редовите на прволигашот Воска Спорт од Охрид, а 21-годишниот Мемеди покрај за Воска Спорт има настапувано и за Детонит Плачковица, Лириа во Косово, Шкендија и Милано.
Башкими сериозно се засилува и на голманската позиција со 33-годишниот голман Амир Јашар во Башкими доаѓа од тимот на Вуштрија од Косово, а има настапувано и за Гостивар, Влазнија во Косово, Вардар Форино, Тетекс, Скопје, Генч Калемер, Шкупи, Шкендија и Велазерими.
Башкими се раздели со четири играчи, Алпај Јусуф, Ариф Садики, Азиз Азизи и Шабан Мемети, додека пак младиот и талентиран Меметриза Хамза заминува во шампион Струга Трим Лум со што 20-годишникот ќе настапува во Прва лига.
Во следните денови според нашите информации Башкими ќе се засили со две до три квалитетни засилувања, со што поранешниот освојувач на Купот на Македонија ќе атакува на влез во Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет