
Главниот концерт на овогодинешната Пастрмалијада ќе се одржи на градскиот стадион во Штип. Настанот се најавува како музички спектакл од невидени размери во градот. Како што рече градоначалникот Иван Јорданов, покрај на стадионот, паралелно активности ќе се одвиваат и на шеталиштето „Ванчо Прќе“, каде ќе бидат поставени традиционалните штандови со штипската пастрмајлија, уредени соодветно за дегустација и уживање. Ќе има и целодневна програма на посебна бина – музика, културни настапи и забава.
Организаторите уверуваат – ова ќе биде најпосетената и највпечатлива Пастрмалијада досега.
,,Позната е локацијата, локацијата ќе биде главниот концерт на граскиот стадион. Очекуваме мега настан кои што досега никогаш штипјани немале можност да присуствуваат на еден таков настан, но не само штипјани, туку и гости од македонија и надвор од државата. Се уште се прецезираат деталите, но паралелно на главниот настан на граскиот стадион, кој што ќе биде плато за концерт. Едносмерната, односно шеталиштето Ванчо Прќе ќе биде со познатите штандови за изложување на познатиот бренд штипска пастрмајлија со исто така соодветно уредување, соодветна бина за целодневна содржина и забава, така да оќекуваме овогодинешната пастрамалијада да иде една од нај посетените.“, рече Јорданов
Градоначалникот Јорданов е согласен дека овогодинешната пастрмајлијада ќе биде една од нај посетените од досегашните. Тој додаде дека се уште не се утврдени имињата на оние кои што ќе настапуваат.
,,Очекуваме овогодинешната пастрмалијада да биде една од нај посетените, буквално кажано од досегашните организации кои што ги имаме. Во однос на имињата, се уште не можам да излезам со конкретни имиња, затоа што се прецизираат деталите и се финализираат преговорите.“ , рече Јорданов
Инаку, оваа година Штип по 17 пат ќе ја продолжи оваа манифестација како традиција, која има основна цел, а имено да ја претстави пастрмајлијата како дел од традиционалната македонска кујна.
Иван Митев, М-Нет