
Професор доктор Дејан Мираковски повторно е избран за ректор на УГД Штип. Денеска се гласаше за ректор на сите 12 факултети и три академии при самиот универзитет. Мираковски го доби својот втор мандат со 294 гласа „за“.
„Гласањето се спроведе од 12 до 14 часот. Во врска со пријавениот кандидат професор доктор Дејан Мираковски констатираме дека „за“ гласале 294, а против гласале 11, не гласале 26 и има неважечки пет ливчиња“ – вели Маролов.
Приоритет останува отворањето нови перспективи за младите преку европската универзитетска алијанса, во која се осум универзитети и УГД Штип. Крајна цел е да се обезбеди европски квалитет на студирање и европска диплома дома.
„Во минатите три години дадовме една ноова динамика на универзитетот, тој стана поотворена институција, поинклузивна, многу повеќе поврзана и со институциите на државно ниво. Наше е да постигнеме значаен напредок пред сѐ во областа на научното истражување. За мене лично еден од најважните проекти е поврзувањето со европската универзитетска алијанса.“ – вели Мираковски.
За Дејан Мираковски ова е втор мандат како ректор на УГД Штип, откако првпат во ректорската фотелја седна на 15 септември 2022 година.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет