
Кошаркарите на Штип со пораз ја отворија новата сезона во Суперлигата, откако на домашен терен во новата спортска сала „Џексон“ беа поразени со високи 65:93.
Штип имаше подобар период во второто полувреме, особено во третата четвртина, но разликата која беше во првите десет минути се покажа преголема за да може домаќинот да направи целосен пресврт.
Шампионот МЗТ Скопје со 85:77 го доби Куманово во репрезира од Суперкупот, Работнички славеше над Струмица во гости со 85:92, а во неизвесен меч Кожув со 95:101 го доби Скопје во гости.
Пелистер на домашен терен славеше со 78:70 над ТФТ и победнички ја отвори сезоната во Суперлигата.
Во следното коло ГКК Штип ќе гостува кај МКК Куманово, Кожув ќе го очекува дерби меч со МЗТ Скопје, Работнички ќе биде домаќин на Тиквеш, Струмица ќе бара победа против Пелистер, додека пак ТФТ ќе го пречека Скопје.
Александар Ванев, М-Нет