
Младата штипјанка Марија Атанасова во петок ќе ја промовира својата најнова песна „Вљубена во лага“ со која настапи на Макфест минатата година. Во штипскиот Безистен присутните граѓаи ќе имаат можност да го видат спотот на самата песна и да уживаат во македонска музика.
„Во петок имаме промоција на песната „Вљубен во лага“ со која настапив на Макфест 2025 година. Во 19 часот овде во уметничката галерија Безистен. Ги поканувам сите граѓани кои се во можности кои сакаат да присуствуваат на мојата промоција.“ – вели Атанасова.
Песната „Вљубена во лага“ е ново дело на Атанасова, нешто ново и поразлично од досегашното. Но, како што вели таа песната остави голем впечаток кај публиката, а рефренот се пееше и пред да биде изведена на макфестовата сцена.
„Па песната „Вљубена во лага“ остави голем впечаток кај публиката оваа година, барем така го почувствував јас тоа. Беше поразлична од сите досегашни што ги имам, настапот и искуството и се беше преубаво.“ – додава Атанасова.
Марија Атанасова и претходните години настапуваше на Макфест, а има најави за нови дела и за во иднина.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет