В недела во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Осогово, на М Нет Спорт: Македонија ЃП – Саса од 15 часот

ФОТО: Александар Ванев | Телевизија М Нет

В недела на програмата се натпреварите од 5. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да проследат два натпревари.

На М Нет телевизија ќе имате можност да го проследите мечот меѓу Брегалница и Осогово, дерби на Исток во кое штипските „сини“ се големи фаворити за трите бодови од повеќе аспекти како од играчки аспект, домашниот терен и домашната публика.

Дерби кое во минатото ги полнеше стадионите, дерби за престиж, а сега дерби во кое штипјани влегуваат како големи фаворити, па „жетварите“ со новиот тренер одат по изненадување.

Преносот од Штип на М Нет телевизија ќе започне во 15 часот.

На спортскиот канал М Нет Спорт ќе може да го проследат натпреварот меѓу ланскиот прволигаш Македонија ЃП и Каменица Саса во меч каде „лавовите“ се големи фаворити во дуелот со „рударите“ кои би биле среќни и со бод од за нив тешкото гостување во Ѓорче.

Квалитетот е на страната на Македонија ЃП, „лавовите“ во Втората лига располагаат со најквалитетниот тим и важан за главни фаворити за освојување на првото место и директен влез во Прва лига.

Преносот од Ѓорче на М Нет Спорт ќе започне во 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет