
Второлигашот Шкендија Арачиново дефитнивно ќе биде во сосема поинаков лик во пролетниот дел, откако тимот по разделбата со повеќе од десеттина фудбалери продолжува да се засилува и со тоа да го добива ликот за вториот дел од сезоната.
Ново име во тимот од Арачиновo е Хадис Таири, кој доаѓа како позајмен фудбалер од редовите на прволигашот Струга Трим Лум. Левиот бек покрај за Струга има настапувано и за Охрид, Велешта, Њу Старс, Јанг Тим и Фламуртари.
Шкендија Арачиново претходно се засили со голманот Антонио Столевски, Сухејб Рушити, Иљаз Чиљафи, Махир Ајрули, Зани Назифи и Владимир Жоглев, а сигурно е дека тимот во следните денови ќе промовира уште неколку засилувања.
Шкендија Арачиново од второто место ќе го започне пролетниот дел во Втората лига, а целта на тимот ќе биде влез во Првата лига. Во првото пролетно коло Шкендија Арачиново на домашен терен ќе игра против Преспа од Ресен.
Александар Ванев, М-Нет