Второлигашот Пелистер преку шест контролки ќе ја темпира формата за пролетниот дел

фото: ТВ М Нет

Битолскиот второлигаш Пелистер закажа шест пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата за пролетната полусезона.

Битолчани првиот контролен меч го играат на 26. јануари против Караорман, два дена подоцна ќе следува меѓународен контролен меч против Поградец од Албанија, а пак за 31. јануари е закажен пријателски меч со прволигаш Силекс.

На 3. февруари ќе следува тест со Охрид, за 7. февруари е закажана пријателска со Победа, а пак „генералката“ ќе биде со Вардар од Неготино.

Пелистер презими на 3. место во Втората македонска фудбалска лига и во пролетната полусезона нема право на грешка со цел да го обезбеди барем второто место кое директно води во Првата лига.

Александар Ванев, М-Нет