Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов тренер

Второлигашот Кожуф го претстави Вангел Алтипармаковски како нов тренер, кој во Гевгелија доаѓа на местото на Дарко Крстески, со кој претходно клуб спогодбено се раздели.

Алтипармаковски е млад и перспективен тренер, кој работеше во младинските школи на Работнички и Пелистер, а потоа беше и асистент во сенирскиот екипи на двата тима.

Помошник на Алтипармаковски ќе биде Стојче Кречев, кој досега работеше како тренер во младинските категории на клубот од Гевгелија, а сега преминува во стручниот штаб на сениорскиот тим.

Дебито на тренерското столче новиот тренер ќе го има во сабота, на мечот против Детонит Плачковица од 7. коло на Втората лига.

По шест кола Кожуф има седум бодови со учинок од две победи, едно реми и три порази, па затоа трите бодови во Радовиш ќе бидат повеќе од важни во обид тимот да прогреси кон средишниот дел.

Александар Ванев, М-Нет