Првата кошаркарска лига поделена во две групи, Овче Поле стартува против Охрид

Првата кошаркатска лига на Македонија за сезона 2026/2027 ќе биде поделена во две групи, од кои група А ќе брои осум екипи, а група Б ќе брои седум екипи.

Во група А ќе бидат екипите на Борец, Ангели, ИБА Скопје, Водно Санс, Младинец, Црн Дрим, Феникс и Мега Баскет, додека пак во групата Б ќе бидат екипите на Гостивар, Тетекс, Бутел, Овче Поле, Охрид, Гевгелија и Вардар.

Сезоната е превидено да стартува овој викенд, а во рамки на првото коло во групата А екипата на Борец Баскет која минатата сезона водеше борба за влез во Супер лигата ќе го пречека тимот на Ангели, ИБА Скопје ќе игра со Водно Санс, Младинец ќе биде домаќин на Црн Дрим, а пак Феникс ќе го пречека составот на Мега Баскет.

Во однос на групата Б во првото коло ќе има дерби на Гостивар и Тетекс, во Свети Николе ќе се соочат Овче Поле и Охрид, Гевгелија ќе игра со Вардар, а во првото коло слободна ќе биде екипата на Бутел.

Првиот дел ќе заврши на 21 ноември со мечевите од седмото коло, а вториот дел ќе биде отворен на 28 ноември со мечевите од осмото коло.

Есенската полусезона завршува на 19 декември со натпреварите од 11 коло, а по завршувањето на зимската пауза, возбудувањата во прволигашката конкуренција ќе продолжат на 23 јануари со мечевите од 12 коло.

Александар Ванев, М-Нет