
Се намалува бројот на новоинфицирани пациенти од Ковид 19 во Клиничка болница Штип, но во кочанската Општа болница со проширена дејност нивниот број одржува статус кво. Во изминатото деноноќие во штипската болница вкупно хоспитализирани се 68 пациенти од кои 39 во модуларната ковид болница и 29 на Инфиктивното оделение. Слободни се 35 кревети, од кои 6 во модуларната ковид болница и 29 на Инфективното одделение без можност за кислородна поддршка, истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Во последните 24 часа новопримени ковид позитивни пациенти се 3, а регистрирани како оздравени се 6 пациенти. Меѓутоа, голем е бројот на лица кои имаат потреба на кислородна поддршка. Еден пациент од Делчево на 70 годишна возраст ја изгубило битката со ковид 19 во Клиничка болница Штип. Во Кочани вкупно хоспитализирани се 36 ковид пациенти, од кои 29 во модуларната ковид болница и 7 на Физикална медицина. Слободни се 11 места 6 во модуларната и 5 на Физикална. 20 лица имаат потреба од кислородна поддршка, истакна директорот на кочанската болница, Александар Серафимов. И овде едно лице од Кочани не ја преживеало корона битката.
Во пресрет на велигденските празници како и топлото време, препораките остануваат исти. Да се почитуваат мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател, носење маска, одржување дистанца и користење на средство за дезинфекција. Исто така, моментално најмалку потребно е опуштање, собирање и групирање.
Според информации од Министерството на здравство вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата држава од почетокот на епидемијата изнесува 150.588, бројката на оздравени пациенти 129.053, починати 4.677 а бројот на активни случаи изнесува 16.858.
Лаура Стојанова М-Нет