Во четврток во Штип ќе се одржи семинар на тема „Едукација на младите во спортот“ со Зоран Шоров

Овој четврток во Штип ќе биде одржан семинар на тема „Едукација на младите во спортот“ со олимпиецот Зоран Шоров. Целта на овој семинар ќе биде љубителите на борењето да се запознаат со техниките, стратегиите и психолошката подготовка кои ги користат врвните борци.

Исто така преку овој семинар ќе се работи на тоа да се поттикнат младите да спортуваат, наместо да бидат пред телефон или компјутер, како што вели Шоров.

„Во четврток со почеток од 19 часот во Спортската сала при ООУ „Славејко Арсов“ населба Баби во Штип, ќе се одржи семинар на тема „Едукација на младите во спортот“ главна цел ќе ни биде да ги едуцираме младите спортисти што повеќе да спортуваат, да го напуштат модерниот начин на живеење седење пред компјутери, да ги посетуваат што почесто спортските сали, да тренираат некој спорт. Бидејќи со спортот ќе се стекнат нивна општо физична подготвеност ќе бидат здравествено подобри, бидејќи со физичката неактивност доаѓа до секакви деформитети кај младите луѓе, така да преку спортот ќе се изгради една здрава личност. Покрај тоа ќе разговараме и во врска со борењето околу тренажниот процес околу техничките во модерното борење“, вели Шоров за М Нет телевизија.

Семинарот кој е во организација на боречкиот клуб Олимпија ќе има за цел да продолжи и во иднина.

„Ги поканувам сите кои сакаат да присуствуават на овој семинар да дојдат, тоа е во организација на БК Олимпија од Штип, така да мислам дека семинарот ќе биде успешен и во иднина ќе продолжиме да апелираме до младите да спортуваат, да се занимаваат“, додава Шоров.

Овој семинар ќе се одржи во Спортската сала при ООУ „Славејко Арсов“ во Штип, со почеток од 19 часот.

Александар Ванев, М-Нет