
Во тек е процедурата за набавка на инсулин во определни местата на државата каде недостасува. Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес конференција рече дека генерално во повеќето места низ Македонија има инсулин, а истиот недостасува само во одредени места. Како што истакна тој многу наскоро набавката ќе заврши.
,,Во тек е процедурта набавката на инсулин, не дека недостасува секаде, во одредени места недостасува. Генерално во целата територија го има инсулинот. Се надевам дека многу бргу ќе ви кажеме и кој е добавувачот и набавката ќе заврши. Мегутоа не е дека секаде нема, има повеќето место имаат, отколку што некаде недостасува.“, рече Таравари
Дури помине овој период од две недели, министерот Таравари информира дека пациентите се во комуникација со ендилкинолозите, кои што им даваат најдобри препораки за периодов.
,,Секако дека треба. Наменската терапија се користеше само таа, но оваа е мал број за мал процент на пациенти, но многу бргу ќе има значи во цела територија на Македонија. Мегутоа повторно се тие во комуникација ендиклинолозите, кои што им даваат најдобри препораки за овој период кој што ни е две недели да се помине. Јас се надевам дека многу скоро ќе ја има во целата територија на државата.“, додава Таравари
Инаку, за ваквиот период најчесто се препорачува замена на бараниот инсулин, но претходно тоа треба да биде одобрено од лекар.
Иван Митев, М-Нет