
Домашно куче нападнало возрасна жена во населба Баби во Штип. Во вчерашната вечер, дури жената пешачела низ населбата, ја нападнало кучето, создавајќи и рани во пределот на рацете и стомакот. По случајот, слики беа испратени до нашата редакција на кои јасно се гледаат раните по телото.
Жената веднаш после настанот била пренесена во штипската Клиничка болница на лекување. Од СВР Штип го потврдуваат настанот и подетални информации се очекуват во текот на утрешниот ден.
Иван Митев, М-Нет