Во спомен и чест на проф.д-р Виолета Димова- која ќе остане засекогаш запаметена во академската средина

Денеска во чест и спомен на проф. д-р Виолета Димова во Амфитеатарот на Филолошки Факултет во Штип, низ реченици се потсетиа на личноста која остави зад себе многубројни научни трудови од областа на методиката и теоријата.

Проф. д-р Виолета Димова е родена во 1955 година во Скопје. Основно образование завршува во Скопје.  Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“.  Учествува во основањето на Филолошкиот Факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип. Работејќи како прв декан и професор по методика на настава по книжевност, методика на наставата по македонски јазик и Светска книжевност.  Во текот на долгодишниот работен век како професор и научник во областа на методиката на наставата, учествува и на меѓународни конференции со свои трудови.

„Денеска сме собрани за да им оддадеме почит на проф.д-р Виолета Димова која прерано не напушти. Останува нејзиниот спомен и понатаму да живее помеѓу нас и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени која таа ги остави.Драга колешке и сакана пријателке секогаш ќе те паметиме.“ Изјавува, Витанова Рингачева( раководител на катедра за македонски јазик и книжевност)

Димова ќе остане запаметена во академската средина како прекрасен професор, пријател и човек. Вечна ти слава!

Надица Стојковска/ М Нет