Да се смени содржината на отказните решенија од Баргала, бараат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип

На денешниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, тие излегоа со молба до Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов да го искористи влијанието во неговата семејна компанија Бргала и со итна постапка да се промени содржината на отакзните решенија.

„Во интерес на сите наши сограѓани кои недолжни остнаа без основен надоместок ве замолуваме да го искористите влијанието во вашата семејна компанија Баргала и да побарате по итна постапка да се промени содржината на отказните решенија. Во отказните решенија мора да се промени делот каде раководството на Баргала ги отпушта вработените поради нарушување на редот и дисциплината со кое незаконски се ускратува правото на работниците да земат надоместок од Агенцијата за вработување и да си најдат нова работа. За вакви незаконски решенија Баргала на суд веќе има изгубено неколку случаи кој му дава уште еден аргумент на градскиот татко да ги преземе овие неопходни мерки. Затоа по којзнае кој пат деновиве ве повикуваме како Градоначалник на Општина Штип транспарентно и одговорно да застанете на страната на работниците и да се задолжите за заштита на нивните права.“ – кажаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип

Од кабинетот на Градоначалникот исткаа дека заради оправдано патувње на градоначалникот надвор од градот не се во можност да дадат одговор денеска.

Лаура Стојанова М-Нет