
Незгодна е состојбата во селото Долни Балван, откако и после 7 години апелации, сеуште нема конкретен одговор од надлежните. Минирањето остава големи последици, напукнати ѕидови дури и на здравите куќи, и рушевини на постарите објекти. Статус квото никако да се промени. Според жителите на ова село, градоначалничката фотелја го менува сопственикот, но проблемите остануваа исти.
Мештаните на селото Долни Балван секојдневно се будат со истиот звук, а стравот не е ништо ново. Особено за време на празници и недели, и тоа во утринските часови, како земјотрес се ниша Балванското тло.
Одговор на ситуацијава, која и не е нова даде градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев, образложувајќи дека даваат се од себе проблемот да стане минато.
Во селото Долни Балван има 130 домаќинства, а од истите 30% се жалат на оштети од споменатото минирање. Затоа, се апелира до надлежните, како од страна на жителите на ова село, така и од градоначалникот на општина Карбинци да се преземат потребните работи и утрата овде да почнуваат помирно.