
Од денес 2 Ноември вработените во општинската администрација ќе работат во двосменско работно време, согласно препораките и насоките за заштита од Ковид-19 и согласно новите мерки кои беа донесени од страна на координативнто тело на Општина Делчево за спречување на коронавирусот.
Локалната самоуоправа во Делчево започна со двосменско работење,првата смена ќе работи од 7.30 до 12.30 часот а втората ќе работи од 12.30 до 17.30 часот. Во овој мал временски период ќе се врши дезинфекција на сите канцеларии и простории каде што се вработените, така да и со овој начин на работа на локалната самоуправа јас верувам дека ќе успееме да одговориме на сите барања на граѓаните на Општина Делчево, истакна градоначалникот Горан Трајковски.
Граѓаните своите барања можат да ги доставателектронски или по писмен пат во Општинскиот центар за услуги, а доколку имаат потреба од лична комуникација со одредени слижби да ѓи почитуваат законските уредби и препораките за заштита од болеста Ковид-19, односно граѓаните задолжително да носат маски за заштита и да држат растојание на обележаните места при влез во Општинската зграда.
Сунчица Маринкова-Сосиева М Нет