
Куќите затоврени, празни дворови и улици, и во Општина Свети Николе млади веќе нема. По улиците во централното градско подрачје, само повозрасни граѓани и пензионери. Велат дека младите егзистенцијата ја бараат надвор од гранците на државата, бидејќи овде нема ниту работа ниту пари. Во Свети Николе нема веќе кој да работи ниту во малкуте фабрики кои останаа , ниту на нивите да одгледува земјоделие. Повозрасните граѓани велат сега и пари да се нудат младите не се враќаат, па според нив ситуацијата е веќе алармантмна.
„Нема баш многу млади, младите се во странство за подобар живот. Куќи, празни, еве улици празни. Останавме само ние, постарите, пензионерите.“
Над три илјади граѓани се иселиле од Свети Николе, покажаа бројките од последниот спроведе попис 2021 година. Во периодот од 2001 до 2021, 3177 граѓани побарале подобри услови за работа надвор од границите на државата, или наслението се намалило за 17,18%. И покрај тоа што во изминатиот период се работи инфраструктурно, и како што истакна градоначалникот Дејан Владев проектите се реализираат, според граѓаните на терен, се е бадијала бидејќи младите се иселиле и веќе не се враќаат на живот во Свети Николе.
Лаура Стојанова М-Нет