Во недела ќе започнат третолигашките фудбалски возбудувања на истокот

Конечно утре,недела на истокот ќе започне фудбалската пролетна треска во која ќе се води жестока борба за самиот врв на табелата. Засега на чело на табелата е тимот на делчевска Брегалница со 28 бодови, втор е тимот на Детонит од Радовиш со 26 бодови, трето место за Овче Поле од Свети Николе со 24 бодови а четвртото место го делат Малеш од Берово и Хоризонт од Турново со по 22 бода и сите тие полагаат надеж за шампионската титула и пласман во Втора лига – Исток. На дното заковани се екипите на Василево со три бода на последното 12 место и екипата на Работник од Лозово со четири освоени босови на 11 место .Еве ги комплетните двојки за ова 12 коло:

  1. Овче Поле – Малеш
  2. Брегалница – Карбинци
  3. Детонит – Спартмани
  4. Тиверија – Чешиново
  5. Хоризонт – Раклиш
  6. Василево – Работник

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 14 март 2021 г. со почеток во 15.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk